Mustafa Yıldırım,Yusuf Şahbaz
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Во Измир, во западна Турција, приведени се пет лица, припадници на терористичката организација ДЕАШ, за кои се тврди дека се поврзани со терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул, изведен во новогодишната ноќ, во кој загинаа 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимови од Одделот за разузнавање и борба против тероризмот при полициската управа Измир, во рамките на започнатата истрага, со поддршка на специјалните сили, извршиле упад на четири адреси во подрачјето на Борнова и Буџа во Измир.
Полициските тимови го затворија влезот и излезот од населбите во кои траеја акциите за приведување и преземени се одредени безбедносни мерки.
Акциите се започнати во текот на ноќта, а траат и понатаму, а се истакнува дека постои можност бројот на приведени да се зголеми.