Hale Türkeş
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (АА) – Турските воздушни сили извршија воздушни напади врз терористичките бази на ПКК во северен Ирак, соопшти денес војската.
Турскиот Генералштаб изјави дека авиони од типот F – 16 и F- 4, синоќа ги бомбардираа позициите на ПКК во Кандил, каде што е главниот штаб на групата.
Многубројни засолништа, бункери и арсенал оружје беа уништени помеѓу 21:00 и 23:00 часот, [1800-2000GMT] се вели во соопштението.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, која ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција во јули. Оттогаш, повеќе од 350 членови на безбедносните сили загинаа, додека пак илјадници терористи беа убиени.