Meltem Öztürk
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, рече дека Турција внимателно ја следи ситуацијата во кризното Нагорно-Карабах и дека силно го поддржува пријателскиот Азербејџан кој се соочува со агресивна политика од страна на Ерменија, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Давутоглу, кој е и претседател на владејачката турска Партија за правда и развој (АК партија), на седницата на парламентарната група на партијата рече дека за конфликтот во Нагорно-Карабах разговарал со азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, и изразил сочувство за загинувањето на азербејџанскиот војник.
„Целиот свет треба да знаe дека Турција до Судниот ден ќе биде рамо до рамо со братскиот Азербејџан против ерменската агресија и окупација. Секој загинат азербејџански жител е во нашите срца, и Турција и народот како и порано ќе му дадат сесрдна поддршка на Азербејџан. Ние ќе бидеме со Азербејџан, сè додека не се ослободат сите негови територии под ерменска окупација, вклучувајќи гo и Нагорно-Карабах”, рече Давутоглу.
Коментирајќи ја ситуацијата во Турција, Давутоглу рече дека турската влада чекори со големи демократски чекори кон градење на мирен и просперитетен живот во Турција, а од друга страна продолжува со решителна борба против терористите на ПКК, кои во јули минатата година повторно почнаа со копање на ровови, да извршуваат терористички напади и да убиваат невини луѓе.
„Турција ги започна најопсежните операции против сепаратистите и терористичката организација ПКК. Процесот на решавање на курдското прашање и сегашната антитерористичка борба се апсолутно исправни политики кои имаат иста цел, а тоа e поразување на терористите и воспоставување на мирот и стабилноста во земјата”, рече Давутоглу.
Турската влада соопшти дека Турција ќе продолжи да се бори против сите оние кои се обидуваат да ги дестабилизираат односите во земјата и да предизвикуваат хаос, и додаде дека една од нив е и организацијата на „паралелните структури” на чие чело е Фетула Ѓулен.
„Во нашите очи не постои никаква разлика помеѓу ,паралелните структури' и сепаратистичката и терористичка организација ПКК. И двете организации се непријатели на нашата земја, нација и демократија. И двете организации ги користат како марионети круговите кои сакаат сопинање и уназадување на Турција”, рече Давутоглу.