İsmail Özdemir
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од извори блиски на Кабинетот на претседателот на Република Турција, остварија телефонски разговор во текот на кој разговараа за регионалните случувања.
Ердоган и Путин помеѓу останатото разговараа за последните случувања во Сирија, како и за можностите за пронаоѓање на решение за хуманитарната криза во сирискиот град Алепо.