Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Една од кулите на американскиот претседател Доналд Трамп на Менхетен во Њујорк, беше преименувана на дигиталниот пребарувач Гугл Мапс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Наместо „ Трамп Тауер” (Кулата на Трамп), високата зграда е преименувана накратко во „Дамп Тауер” (Кула ѓубриште).
Корисниците на Гугл Мапс, промената на називот на кулата ja забележаа денес, а набрзо се прошири на социјалните мрежи. Од Гугл подоцна потврдија дека називот на кулата е вратен во првобитниот.
Кулата со 58 ката е сместена на Петата авенија и служи како резиденција на новоизбраниот американски претседател Трамп.