Emre Aytekin
11 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Јапонија даде позитивно мислење за кандидатурата на потсекретарот на Министерството за финансии на САД, Дејвид Малпас, предложен, исто така, од САД за претседател на Светска банка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на јапонската агенција „Кјодо“, министерот за финансии на Јапонија, Таро Асо, по средбата со кандидатот за претседател на Светска банка, Дејвид Малпас, одржана во Токио истакнал дека неговата земја го оценува кандидатот Малпас „како силен кандидат“.
Асо, нагласувајќи дека Јапонија е најголем втор донатор на Светската банка, истакнал дека кредитните линии, како приоритет на Банката во однос на развојот, од брзо растечките земји како што се Кина и Индија, треба да се поместат кон земјите кои се развиваат и имаат повеќе потреба од кредити.
Асо одбивајќи да даде отворена поддршка за Малпас, потсети дека кандидатурите за претседател може да се поднесуваат до 14 март и дададе: „Треба да видиме кој сè ќе се пријави“.
Малпас во моментот е на функцијата потсекретар на Министерството за финансии на САД задолжен за меѓународни односи. Тој е познат по тоа што имаше бескомпромисен став кон Кина, на почетокот на трговската војна меѓу САД и Кина која започна со заемното зголемување на царинските давачки.
Светската банка која е фокусирана на кредити за развој и која има 189 земји членки, како акционери генерално ја водат економски бирократи и функционери од Америка, додека во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој се фокусира на јавните финансии и макроекономската стабилност, генерално водат имиња од Европа.