економија

Кина ги зголеми тарифите од 5 до 25 проценти за производите од САД

„Мерките за зголемување на даноците од кинеска страна се одговор на унилатерализмот и протекционизмот на САД...“

Fuat Kabakcı  | 13.05.2019 - Обновена : 14.05.2019
Кина ги зголеми тарифите од 5 до 25 проценти за производите од САД

ПЕКИНГ (АА) - Кина соопшти дека ја зголемува даночната стапка меѓу 5 и 25 проценти за производите со потекло од Соединетите Американски Држави (САД) во вредност од 60 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Комисијата за царина на Државниот совет на Кина се вели дека како одговор на зголемувањето на даночната стапка од 10 на 25 проценти за производите со потекло од Кина во вредност од 200 милијарди долари воведено од САД, даночната стапка за производите со потекло од САД во вредност од 60 милијарди долари е зголемена од 5 до 25 проценти. 

Примената ќе стапи на сила од 1 јуни, а зголемувањето на даночната стапка ќе биде од 5, 10, 15, 20 и 25 отсто, и ќе опфаќа 2.493 производи. 

Се нагласува дека по зголемувањето на даноците од страна на администрацијата на Вашингтон, на администрацијата на Пекинг не ѝ останува друг избор освен да ги зголеми даноците.

„Мерките за зголемување на даноците од кинеска страна се одговор на унилатерализмот и протекционизмот на САД. Кина се надева дека САД ќе се вратат на правилната патека на билатералните трговски преговори“. 

Администрацијата на Пекинг, исто така, го повтори повикот до САД за изнаоѓање заедничко решение. 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гинг Шуанг, на прес-конференција одржана во текот на денот истакна дека Кина никогаш нема да потклекне на надворешни притисоци. 

„Трговската војна“ меѓу САД и Кина зад себе остави една година. Кинескиот вицепремиер Лиу Хи, во четвртокот минатата недела отпатува во САД за да присуствува на состаноците за „Трговската војна“, но од преговорите се врати „со празни раце“. Дводневните преговори на кинеската и американската делегација беа неуспешни. 

Министерството за трговија на Кина, во петокот, реагирајќи на одлуката на САД за зголемување на даночната стапка од 10 на 25 проценти за производите со потекло од Кина во вредност од 200 милијарди долари рече: „Длабоко жалиме за тоа. Ќе мораме да ги преземеме потребните мерки како одговор на тоа“. 

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела на Твитер напиша дека за производите од кинеско потекло во вредност од 200 милијарди долари царинската стапка од 10 отсто ќе се зголеми на 25 отсто. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın