Kasım İleri
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Годишниот состанок на Комитетот за односи со јавноста на Израел (AIPAC), една од најефикасните произраелски лоби-организации во САД, започна со протести, јавува Anadolu Agency (AA).
Годишниот состанок на AIPAC, кој е оценет како „најголем состанок на израелското движење“ во САД, започна синоќа во Вашингтон и ќе трае 3 дена. Се очекува на состанокот да присуствуваат 10 илјади луѓе.
Состанокот ја има поддршката на републиканците и демократското крило во Конгресот на САД. Оваа година на состанокот се очекува да се разговара за теми како што се признавањето од страна на американската администрација на Ерусалим како главен град на Израел, признавањето на суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина и прашањата околу безбедноста на Израел.
- Кандидатите за претседател од Демократската партија нема да учествуваат на состанокот -
Кандидатите од Демократската партија кои ќе учествуваат на изборите во САД што ќе се одржат во 2020 година, и ќе бидат противкандидати на претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да учествуваат на состанокот на AIPAC. Тоа се сенаторите Елизабет Ворен, Камала Харис, Бето О'Рурк и Берни Сандерс.
За влијанието на AIPAC врз Вашингтон за последен пат се дебатираше кога Илхан Омар, првата покриена муслиманка избрана во американскиот Конгрес, коментираше дека AIPAC со донирање економска помош ги купува членовите на Конгресот.
AIPAC во 1950-тите години е основана како мала лоби група во САД, а денес секоја година донира милиони долари помош за Конгресот.
Според информациите на сајтот „Open Secret“, кој ги следи политичките донации во САД, AIPAC донира повеќе кај демократите, отколку кај републиканците.