Ekipa
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија денес одлучи да затвори два главни премини со Појасот Газа, по ракетниот напад од палестинска територија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Генерал-мајор Абу Рокон, координатор на владините активности на териториите, рече дека премините „Ерез“ (Беит Ханун) и „Керем Шалом“ ќе бидат затворени до понатамошно известување“, напиша израелскиот дневен весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).
Израелските власти, исто така, одлучија да ја намалат риболовната зона за палестинските рибари од брегот на Газа.
Ваквите ограничувања се случија кратко време откако израелските власти соопштија дека седум лица се повредени кога една ракета утринава удри во дом во централниот дел на Израел.
По нападот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ја прекине моменталната посета на САД и вети дека ќе одговори со голема сила против Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Палестинците не презедоа одговорност за ракетниот напад.