Emre Aytekin
10 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Се тврди дека во едно прислушување од страна на американското разузнавање, откриено е дека саудиските претставници реализирале план за фаќање на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Вашингтон пост“, базирана на разузнавачките извори, американското разузнавање открило информации околу разговорите на саудиските претставници кои пред исчезнувањето на Кашоги реализирале план за негово фаќање.
Во веста се вели дека саудиските претставници сакале да го убедат новинарот да отиде во Саудиска Арабија и таму да го фатат.
Не се знае дали саудиските претставници сакале да го фатат Кашоги за да го испрашуваат или да го убијат, а не се знае ни дали американските власти го информирале него околу ова.
Кашоги е новинар на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post) и познат е како еден од највлијателните новинари на Блискиот Исток. Во исто време тој давал голем придонес и во весникот „Ал ватан“ (Ал Watan), кој претставува важна платформа на саудиските реформисти. Се знае дека на 2. октомври влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, и од тој ден повеќе нема информации за него.