Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија ја назначи Самар бинт Мазин Салих за аташе за трговија во Јапонија, со што таа стана првата жена Саудијка назначена на оваа функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со декрет на Маџид бин Абдула ел-Касаби, министерот за трговија и инвестиции на Саудиска Арабија, Самар бинт Мазих Салих е назначена на функцијата аташе за трговија на Саудиска Арабија во јапонскиот главен град Токио.
Според соопштението на министерството, ова назначување се опишува како чекор на министерството кон зајакнување на улогата на жената.
Самар бинт Мазих Салих магистрирала во областа на меѓународниот медиум и новинарство во „City University of London“, а претходно работела во советништвото за трговија на Саудиска Арабија во Италија.