Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
БЕЈРУТ (АА) - Во Либан утрово започнаa историските парламентарни избори, први кои во оваа блискоисточна земја се одржуваат во изминатите девет години, јавува Anadolu Agency (AA).
Над 3,6 милиони регистрирани гласачи денеска ќе избираат нови членови на националниот Парламент, кој брои 128 пратенички места, а за кои се кандидираа вкупно 917 кандидати.
Изборите се одржуваат со зголемени безбедносни мерки, а резултатите ќе бидат објавени следната недела.
Ова се првите парламентарни избори во Либан по 2009 година. Тие се први иабори откако Либан минатата година усвои нов Изборен закон.
Со него беше променет претходниот систем со кој на победникот му припаѓаше сè, и се премина на комплицирана пропорционална застапеност со која се добиваат места во Парламентот врз основа на удлот во добиените гласови.
Најголемата борба на изборите се очекува меѓу Алијансата предводена од сегашниот либанскиот премиер Саад ал-Харири, кој се залага за добри односи со Саудиска Арабија, а се спротивставува на режимот во Сирија и на Хезболах, кој пак има блиски односи со Иран и режимот во Сирија.
Денешните избори во голема мера ќе ја одредат позицијата на Либан во идните процеси на решавање на кризите на Блискиот Исток.