Nuri Aydın
19 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
РОЧЕСТЕР (AA) - Две лица загинаа, додека 14 се повредени во вооружениот напад извршен во куќа во градот Рочестер, во американската сојузна држава Њујорк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека во раните утрински часови е извршен вооружен напад во една куќа во Рочестер во која околу 100 лица организирале забава.
Се истакнува дека во овој напад смртно настрадале 2 лица, додека 14 лица се повредени.
Според соопштеното, повредените што се однесени на лекување се надвор од животна опасност.
Полицијата започна истрага во врска со случајот.