Emre Aytekin
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) во вселената го лансираа шпионскиот сателит од типот „НРОЛ-44“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на интернет-страницата „Space.com“, сателитот чија мисија е тајна, беше лансиран од космодромот „Кејп Канаверал“ во Флорида.
Се истакнува дека сателитот е лансиран со ракетата „Делта 4“, произведена од „Јунајтед Лаунч Алајенс“, под партнерство на „Боинг“ и „Локхид Мартин“.
Не се знае за каква мисија ќе биде користен овој сателит на Националната канцеларија за извидување во САД која е разузнавачка единица задолжена за дизајнирање, производство, лансирање и управување на извидувачките сателити.
Инаку, овој сателит беше планиран да се лансира на 26 август и на 26 септември, но лансирањето беше одложено поради технички проблеми.