Safiye Karabacak
02 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Соединетите Американски Држави(САД), Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел постигнаа договор за развивање заедничка стратегија во областа на енергетиката, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на официјалната новинска агенција на ОАЕ, ВАМ (WAM), министерот за инфраструктура и енергетика на ОАЕ, Сухејл ел Мезруи, министерот за енергетика на САД, Дан Бруилит и министерот за енергетика на Израел, Јувал Стеинитз, објавија заедничка декларација во врска со развивање заедничка стратегија во областа на енергетиката која ќе го отвори патот на повеќе иновации и благосостојба.
Во оваа декларација се нагласува дека ОАЕ, САД и Израел ја признаваат важноста на фокусирањето во практични чекори кои даваат конкретни резултати во областа на енергетиката.
Според оваа декларација, Вашингтон, Абу Даби и Тел Авив се согласија на поттикнување уште поголема координација во различни области како обновлива енергија, енергетска ефикасност, нафта, извори на природен гас и технологии за одсолување.
Во декларацијата се наведува дека овие три земји сакаат да ги искористат истакнатите истражувања и развојот во светот, со цел да ги исполнат потребите на нивната динамична економија, како и потребите на нивните сегашни и идни генерации.
Според ова, земјите се решителни да ги развијат можностите за соработка преку мултилатерални состаноци, додека, се вели, сето тоа ќе се реализира во координација со финансиските организации и приватниот сектор, со цел зајакнување на меѓународната инвестиција, како и со цел истражување, развивање и брзо усвојување на нови енергетски технологии.
„Трите земји се обидуваат да најдат решение за енергетските проблеми со кои се соочува палестинскиот народ, преку развивање на нивните енергетски резурси, технологии и инфраструктура“, се додава во декларацијата.
Инаку, Израел на 23 септември предложи ОАЕ да се приклучат на Форумот за гас на Источен Медитеран.
На 16 јануари 2019 година, кога земја домаќин беше Египет, беше формиран Форумот за гас на Источен Медитеран со учество на министрите за енергетика на Грција, грчката администрација на Јужен Кипар, Израел, Египет, Италија и Јордан.
Вториот состанок на овој форум се одржа на 16 јануари 2020 година, во чии рамки земјите членки постигнаа договор во врска со институционализацијата за интересите на народите на земјите членки врз основа на енергетската безбедност.