Eshat Fırat
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелската полиција по петочната молитва (џума намаз) во Стариот Град кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег напдна неколку новинари меѓу кои и камераманот на Anadolu Agency (AA) Мустафа ел-Харуф, и фоторепортерот Махмуд Ибрахими кој работи како соработник (freelancer) на АА.
Израелската полиција ги нападна новинарите кои ја извршуваа нивната обврска, за време на интервенцијата врз една група палестинци кои се обидоа да одржат протест на улицата Ел-Вад, улица која се наоѓа меѓу Месџид Ал-Акса и Портата Дамаск на Стариот Град.
Харуф за АА истакна дека израелската полиција силно го удрил додека се обидел да ја сними интервенцијата врз демонстрантите.
Според очевидците, израелската полиција исто така приведе тројца палестинци, меѓу кои и фоторепортерот, Емин Сијам.
Израелската полиција сеуште не даде изјава околу случајот.