Hakan Çopur
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со цел да разговара за израелско-палестинското прашање и одржување средби со страните, ќе го посети овој регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Нед Прајс, Блинкен вчера остварил телефонски разговор со неговиот израелски колега Габи Ашкенази.
Блинкен го поздравил примирјето постигнато помеѓу страните, а двајцата министри упатиле благодарност до Египет поради напорите за посредство.
Во соопштението се нагласува дека Блинкен во наредните денови ќе го посети регионот за да се состане и со палестинската и со израелската страна.
Според соопштеното, САД ќе бидат во блиска координација и комуникација со сите актери со цел зачувување на мирот во регионот.
Американското Министерство за надворешни работи сѐ уште не излегло со информации околу датумот на посетата на Блинкен на овој регион.