Muhammed Semiz
12 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
ГАЗА
Бројот на загинати во нападите на Израел врз Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 53 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди палестинското Министерство за здравство во Газа.
Се истакнува дека забележан е раст кај бројот на жртви и повредени како резултат на нападите што Израел ги изврши од 10 мај понеделникот досега во различни зони во Газа.
Во соопштението се вели дека во нападите на Израел досега загинале 53 Палестинци, од кои 14 деца и 3 жени.
Во соопштението се наведува дека бројот на повредените во израелските напади се зголемил на 320.