Esat Fırat
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ
Општина Ерусалим (Кудс) во Израел сруши двокатна зграда на Палестинците во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), која беше во процес на изградба, со тврдење дека била без дозвола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, израелските сили извршиле упад во мигрантскиот камп „Шуафат“ во северниот дел на Источен Ерусалим.
Израелската полиција формираше безбедносен кордон во зоната каде што се наоѓа зградата на Палестинецот Суфи Хамуд, и не дозволуваше никој да се приближи до зградата.
Тимовите на оваа општина со булдожери ја срушија зградата на семејството Хамуд, која се состоеше од 2 стана и 6 дуќани.
Сопственикот на оваа зграда, Хамуд, во изјава за медиумите истакна дека пред една година започнала изградбата на оваа зграда, но при завршување на градбата израелската општина донела одлука за запирање на изградбата, и дека потоа донела одлука за рушење на зградата.