Emre Gürkan Abay
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека новата стратегија за национална безбедност на САД е агресивна и офанзивна, и додаде: „Ќе ја имаме во предвид оваа нова стратегија. Треба внимателно да се следат промените во рамнотежата на силите во целиот свет, вклучувајќи го и Блискиот Исток“, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин на прес-конференцијата одржана во руското Министерство за одбрана, ги обвини САД за прекршување на Договор за нуклеарни сили од среден опсег (INF).
Рускиот претседател тврди дека проектилите користени за тестирање на системите за ракетна одбарана од страна на САД имаат иста структура како проектилите со краток и среден опсег.
„Користење на овие ракети од страна на САД покажува дека САД ги корсити технологиите забранети во рамкоте на договорт на INF“ изјави Путин.
Путин се осврна и на новата стратегија за национална безбедност на САД; и рече:
„Од дипломатски аспект овој документ го опишиваме како офанзивен, а од воен аспект го опишуваме како агресивен. Ќе ја имаме в предвид оваа нова стратегија“.
Путин го обвини НАТО за брзо зголемување на воената структура во Европа.
„Треба внимателно да се следат промените во рамнотежата на силите во целиот свет, пред се во Блискиот Исток и Северна Кореја. Секако дека не треба да се заборави дека САД и НАТО во последниот период го зголемуваат нивното воено присуство во Европа. Овие прашања ќе бидат меѓу приоритетите на руското Министерство за одбрана“, рече Путин.
Пред извесно време беше објавен документот од 55 страници кој ја вклучува новата стратегија за национална безбедност на САД. Во документот беше наведено дека особено стратегиите на Русија и Кина се во контрадикторност со интересите на САД.