Mahmut Atanur
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
ЏAКАРТА (АА) - МАХМУТ АТАНУР -
Авион од типот „Боинг 737“, кој некогаш се користеше како патнички авион во авиокомпанијата „Лајон ерлајнс“ во Индонезија, е претворен во ресторан, пишува Агенција Анадолија (AA).
Ланецот ресторани наречен „Steak 21“, познат по своето специјално мени во многу региони на земјата, е отворен во авионот „Боинг 737“, кој престана да лета во 2017 година.
Голем број домашни и странски туристи го посетуваат ресторанот во авион поставен на паркинг на трговски центар во градот Бекаси. Авионот е во оригинална состојба, променети се само навлаките на седиштата.
Директорот на ресторанот, Усул Хикматула, рече дека ресторан во авион е интересна опција за оние што сакаат да јадат во поинаков концепт и дека клиентите се задоволни од услугата.
„Вработените носат облека на стјуардеси и пилоти. На нашите клиенти им нудиме и можност на крајот да се фотографираат во кокпитот“, рече Хикматула.
Тие работат околу 3,5 години, а капацитетот на ресторанот е 87 лица.
Хикматула рече дека во рамките на мерките против новиот вид коронавирус го намалиле капацитетот на 40 гости и дека во моментов работат со резервации.
Деа Резанти, една од гостите, изјави дека се одлучила да го посети овој ресторан поради целосно различниот концепт.