Alptekin Soykan
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Стариот патнички авион А340 е товарен на специјални камиони и од Истанбул тргна кон Баликесир, каде што повторно ќе биде составн и претворен во ресторан, јавува Anadolu Agency (АА).
Приватната авиокомпанија од "Туркиш Ерлајнс" го купи Ербасот на кој му истече животот на летање, кој наскоро ќе биде изложен и пренаменет во ресторан пред аеродромот во Баликешир.
Конвој од седум специјализирани шлепери со расклопениот авион доцна синоќа тргна од Истанбул, а транспортот до Баликесир ќе трае три дена.
Претставникот на компанијата која го купи стариот авион, Мехмет Емин за АА рече дека механичарите минатиот месец го расклопиле авионот во осум делови а дека околу еден месец ќе им бидe потребen за монтажа.
Транспортот на расклопениот авион од Истанбул до Баликесир е организиран со зајакнати безбедносни мерки.