Ekipa
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ТОРОНТО (АА) - Канадската полиција соопшти дека во намерно предизвикана експлозија во ресторан биле повредени најмалку 15 лица, од кои некои се во критична состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на подрачјето на Пил објави дека две лица активирале импровизирана експлозивна направа, по што побегнале од местото на настанот во Мисисога, предградие на Торонто.
Болничарот Џо Корстане изјави дека три лица се тешко повредени, додека останатите претрпеле полесни повреди.
Експлозијата се случила вчера по 22.30 часот по локално време.