Ekipa
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
РИЈАД (АА) - Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретна балистичка ракета која на Неџран ја лансираа бунтовниците од Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавуваат дека балистичката ракета, испукана од позициите на бунтовниците на шиитското движење на Хусите во Јемен, е уништена со помош на противвозушниот систем.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Санa и неколку други важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен делува од пристанишниот град Аден.
Судирите во Јемен беа дополнително засилени во март 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници започнаа со воздушни напади врз позициите на бунтовниците. Оттогаш Хусите на Саудиска Арабија имаат испукано 144 ракети.