Ekipa
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
САНА (АА) - Владините сили денес ја повратија контролата врз градот Азан, во јужната покраина Шабва, откако кратко време беше заземен од страна на сепаратистите, јавува nadolu Agency (AA).
„Градот беше заземен во понеделникот од страна на борците поврзани со Јужниот транзициски совет (STC), пред владините сили да ја повратат контролата“, соопштија локални извори.
Во редовите на силите на Јужниот транзициски совет (STC), поддржан од Обединетите Арапски Емирати, има загинати.
Тензиите помеѓу Јеменската влада и Јужниот транзициски совет ескалираа последните денови откако сепаратистите ја презедоа контролата врз големите делови од јужниот град Аден, сегашно седиште на Владата.
Јемен е средиште на судири од 2014 година, кога бунтовниците Хуси, поддржани од Иран, зазедоа голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Судирите ескалираа следната година, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа опсежна воздушна кампања за враќање на придобивките на Хусите во Јемен и поддршка на просаудиската Влада на земјата.