Adam Abu Bashal
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АБУЏА
Во западноафриканската држава Нигерија, во сојузната држава Џигава се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Џигава, Абдул Џинџири, изјави дека на патниот правец Гумел - Кано дошло до судир на два патнички автобуси.
Портпаролот Џинџири информираше дека во несреќата загинале 14 лица, а 6 лица се потешко повредени.
Џинџири соопшти дека повредените се испратени во локалните болници, изразувајќи ја својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.