свет

Воздушен напад на САД во Сомалија, убиени 10 терористи

Во рамките на соработката за борба против тероризмот, во координација со Владата на Сомалија е извршен воздушен напад врз позиција на терористичката организација Ал Шабаб на 20 километри југозападно од Могадишу

Zeynep Tüfekçi  | 25.05.2018 - Обновена : 26.05.2018
Воздушен напад на САД во Сомалија, убиени 10 терористи

Mogadisu

МОГАДИШУ (АА) - Од Командата на Американските сили во Африка (AFRICOM) соопштија дека за време на воздушниот напад извршен против терористичката организација Ал Шабаб во јужниот дел на Сомалија се убиени 10 припадници на оваа организација, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение на AFRICOM се вели дека во рамките на соработката за борба против тероризмот, во координација со Владата на Сомалија е извршен воздушен напад врз позиција на терористичката организација Ал Шабаб на 20 километри југозападно од Могадишу.

Според соопштението, 10 припадници на Ал Шабаб се убиени во овој напад.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın