Anees Suheil Barghouti
25 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Врховниот суд на Израел вчера одобри рушење на бедуинското село Кан ал Ахмар кое има 187 жители, од кои половина се деца. Селото се наоѓа на Западниот Брег кој е под израелска окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во селото се наоѓа и училиште во кое наставата ја следат 170 деца од бедуинската заедница од целата област.
„Оваа одлука ќе доведе до наше протерување од селото. Судот ѝ даде период од шест месеци на Владата на Израел да го спроведе налогот за рушење“, изјави портпаролот на бедуинската заедница, Еид Џахалеен, за АА.
Судот во пресудата наведе дека не постои ниту една причина поради која би била блокирана наредбата на министерот за одбрана да го сруши селото.
Во подрачјето на Источен Ерусалим (Кудс) живеат 46 бедуински заедници со околу 3.000 жители.
Израелските власти се обидуваат да ги преместат од нивните огништа, што е околу 20 отсто од територијата на Западниот Брег, за да го ослободат просторот за изградба на населби за израелските доселеници.