Zülfiya Yakup
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ПРИШТИНА (AA) - Државјанин на Турција Угур Токсој, осомничен за учество во терористичката организација ФЕТО, пуштен е од притвор со кауција, а косовските судски органи продолжуваат да го разгледуваат барањето на Турција за негова екстрадиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за Anadolu Agency (AA), обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово Али Реџа рече дека Угур Токсој е пуштен на слобода со кауција од 5.000 евра на судот и дека му е одземен пасошот. Тој рече дека продолжува да се испитува барањето на Турција за негова екстрадиција.
„Токсој е ослободен со кауција, додека останатите процедури продолжуваат за да се види дали постојат основи за негова екстрадиција или не. Сега само нема притвор, додека постапката продолжува нормално", рече Реџа.
Велејќи дека Токсој мора да се појави во судот кога повикан од страна на судот, обвинителот Реџа рече: „Тој мора да се јави во суд кога ќе биде повикан и ќе се испитува барањето на турската држава дали има основа за негова екстрадиција, а последниот збор го има министерот за правда."
Токсој на 27. октомври е уапсен во Призрен и му беше одреден притвор од 40 дена. Вториот кривичен суд во Хатај издаде налог за апсење на Угур Токсој обвинет дека е член на терористичката организација ФЕТО/ПЈД и побарано е негово апсење од косовските власти и негова екстрадиција на Турција.