Ekipa
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Полицијата усмрти лице кое изврши оружен напад пред полициската управа во Израел, во Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Црвена Давидова Ѕвезда, Јонатан Јагодоску, рече дека нападот бил извршен на трамвајска станица пред полициската управа, при што повредени се шестмина Израелци, вклучувајќи двајца со потешки повреди.
Повредените лица се префрлени во болницата Хадасах во Источен Ерусалим, а едно од нив се наоѓа во животна опасност.
Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, во писмена изјава истакна дека полицијата усмртила лице за кое се тврди дека го извршило нападот. Розенфелд не даде детали за идентитетот на напаѓачот.