Safiye Karabacak
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот суд осуди 16-годишна Палестинка на шест години затвор поради сомнеж дека планирала напад со ладно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Манар Швеики пред 14 месеци беше лишена од слобода, а нејзината мајка Уму Абдулмеџид Швеики, истакна дека израелските војници нејзината ќерка ја привеле кога се враќала од училиште и тоа пред влезот на комплексот Ал Акса.
„Ќерка ми се товари за поседување на оружје. Но, и покрај барањата на нашиот адвокат за време на рочиштето не беше прикажан нож ниту пак негова фотографија”, појасни таа.
Израелските сили на 6. декември 2015 година во населбата Силван ја приведоа тогаш 15-годишната Палестинка Манар Швеики поради наводи дека во училишната торба носи нож и дека планира да изврши напад.
Официјалните податоци од палестинска страна покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 68 се жени. Освен тоа, меѓу нив се наоѓаат и 17 малолетнички.