Barış Seçkin
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
РИМ (АА) - Во Сицилијанскиот канал во последните два дена спасени се повеќе од 1.600 мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Италијанскиот весник „Ла Република“ јавува дека бродот „Аквариус“ на пристаништето Аугуст, во Сицилија пренесувал 783 спасени мигранти, а бродот на италијанската спасувачка служба на островот Лампедуса пренел 59 мигранти.
Покрај тоа, два брода на спасувачката служба спасиле 312 мигранти кои се пренесина на Лампедуса,.
Двата брода, од кои на едниот се наоѓале 248 а на другиот 222 мигранти сè уште не пристигнале на копно.
Весникот јавува дека според информациите од либиски канал, спасувачките служби на Либија пресретнале 431 мигрант на 70 километри западно од Триполи.
На Самитот во Валета, Малта, со неформален состанок на земјите членки на ЕУ, во петокот беше прифатена декларација за спречување на илегални миграции на Средоземноморската рута, со што ќе се зајакне соработката со државите од кои мигрантите тргнуваат кон ЕУ, посебно со Либија.
Од конкретните мерки се истакнува обуката на припадниците на либиската крајбрежна стража, сузбивањето на криумчарењето и поддршка на економскиот развој на одредени региони во западна Африка.
Во Италија по илегален пат користејќи ја средоземноморската рута во текот на 2016 година пристигнале 181.405 мигранти. Истата година, на таа рута животот го загубија над 5.000 лица во обид да го преминат Средоземното Море.