Kayhan Gül
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Антивладините протести во Романија, кои имаат за цел да укажат на одлуката на владата за амнестија и за измените на Кривичниот законик кој предвидува помилување на илјадници осудени по итна постапка, продолжуваат и денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Државјаните на Романија, во главниот град Букурешт, продолжуваат да доаѓаат од сите делови на земјата. На протестите се очекува до еден милион луѓе, а илјадници протестанти веќе почнаа да се собираат пред зградата на владата.
Демонстрантите сметаат дека помилувањето затвореници, на кои им останало помалку од пет години затворска казна, ќе предизвика пораст на корупцијата во земјата.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше: „Исфрлете ги крадците надвор од земјата“ и „Ве следиме“.
Тие често извикуваа слогани „Романијо, разбуди се“, „Слободна Романија“ и „Заедно можеме да ја спасиме Романија“.
Романскиот премиер Сорин Гриндану синоќа најави разговори за укинување на одлуката. На седницата на владата со којашто претседаваше беше одлучено да се повлече одлуката за изменување на Кривичниот законик и за амнестија.
Поради протестите, за кои се очекува да потраат до доцна во ноќта, пред Владата засилени се мерките за безбедност.
Повлекувањето на одлуката е објавено и во Службен весник.
Протестите кои започнаа на 22 јануари ги поддржа и романскиот претседател Клаус Јоханис