Turgut Alp Boyraz
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција приведе 51 Палестинец во населбата Исевије, Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека во текот на ноќта се извршени упади во поголем број куќи во населбата Исевије. Се додава дека Палестинците се приведени поради учество во терористички активности и во бунтови.
Приведените лица денес ќе бидат предадени на судот.
Израелските сили често вршат упади на Западниот Брег и во Источен Ерусалим и под различни обвиненија ги приведуваат Палестинците.
Исевије е населба каде што има најголем отпор против окупацијата. Полицијата привремено ги затвори влезовите и излезите од населбата.