Ekipa
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
МАИДУГУРИ (АА) - Најмалу 13 цивили загинаа во двојниот бомбашки напад што се случи синоќа во североисточниот нигериски град Маидугури, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот комесар Дамиан Чукву соопшти дека нападите ги извршиле тројца напаѓачи, најверојатно припадници на терористичката организација Боко Харам.
Првата експлозија се случи на автобуската станица во 20:20 часот, кога маж активирал елек со експлозив.
Кратко потоа, две жени извршија самоубиствен напад со активирање куфер полн со експлозив на паркинг недалеку од станицата.
Во болница се згрижени најмалку 18 ранети лица.