Hakan Ceyhan Aydoğan
24 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте изјави дека на неговата земја ѝ е потребно модерно оружје и во врска со тоа побара помош од Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дутерте за време на официјалната посета на Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Филипинскиот претседател изјави дека групата поврзана со терористичката организација ДЕАШ го интензивирала дејствувањето во регионот на Минданао, дека во тек се судирите и дека поради тоа мора порано да ја заврши посетата.
Дутерте изјви дека Русија ја гледаат како близок пријател.
„Тука сум да побарам ваша поддршка и помош. На нашата земја ѝ е потребно модерно оружје. Потребно ни е модерно оружје во борбата против ДЕАШ”, изјави Дутерте.
Путин од друга страна, најави потпишување на документите на министрите на двете земји кои се однесуваат на развојот на билатералните односи.
Времето на одржување на состанокот Путин-Дутерте е променето поради одлуката за порано заминување на филипинскиот претседател од Русија.