Ekipa
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
КАТМАНДУ (АА) - Спасителите пронајдоа тела на четири планинари во шатор на најголемиот камп на Монт Еверест, со што бројот на настрадан во оваа сезона се зголеми на десет, соопштија денес непалските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телата ги пронајде спасувачкиот тим кој е пратен на највисоката планина на светот за да го пронајде телото на словачкиот планинар, кој почина за време на викендот, изјави претставникот на Министерството за туризам Хеманта Дакал.
Идентитетот на настраданите лица сѐ уште е непознат, а нивните тела се пронајдени синоќа.
Телата на планинарите се пронајдени во најголемиот Камп 4, сместен на надморска височина од 8.000 метри, што е последен камп пред планинарите да се обидат да го освојат највисокиот врв на светот.
За нивно извлекување се потребни голем број на спасувачи, кои нивните тела би можеле да ги спуштат до Кампот 2, од каде што би можел да ги извлече хеликоптер.
Шестмина планинари починаа оваа година во обид за освојување на планинскиот врв висок 8.850 метри на Монт Еверест.
Индискиот планинар Рави Кумар, американскиот лекар Роланд Јирвуд, словачкиот алпинист Владимир Стрба и Австралијанецот Франческо Енрико Марчети починаа минатиот викенд, а двајца планинари настрадаа претходно.
Сезоната на искачување започнува во март и трае до крајот на мај, кога временските услови на непредвидливиот Еверест се најповолни.