Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
КАТМАНДУ (АА) - Индискиот алпинист кому спасувачките екипи му помогаа да се спушти од Монт Еверест почина, што претставува трет смртен случај на планинари во обид да се искачат на највисокиот планински врв на светот во изминатите неколку дена, соопшти утринава организатрот на експедицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Субхаш Пол почина минатата ноќ додека водичите му помагаа да се спушти од планината, соопшти претставник од агенцијата "Trekking Camp Nepal" од Катманду.
Двајцата други членови на Половиот тим, Пареш Нат и Гутам Гош, се исчезнати од саботата, а непалските власти тврдат дека се мали шансите да преживеат „во вакви временски услови на Еверест”.
Двајца алпинисти, Холанѓанец и Австралијанка, починаа минатиот викенд на Монт Еверест, веројатно од висинска болест, додека околу 30 планинари се разболеле или добиле измрзнатини.
Најголем дел од алпинистите се разболеле и добиле измрзнатини качувајќи се или спуштајќи се од врвот Монт Еверест, соопшти претставник на непалскиот Оддел за планинарење Гјанендра Шреста.
Двајцата планинари беа од истиот експедициски тим и тоа се први смртни случаи на Монт Еверсест оваа година, опткако алпинистите, по 2014 година, почнаа повторно да го освојуваат највисокиот светски врв. Од 11-ти мај на врвот се искачиле скоро 400 алпинисти.