Haris Alija
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ПРИШТИНА (АА) - Алпинистката Ута Ибрахими, го освои Монт Еверест, со што стана првата Косовка која се искачи на највисокиот врв на Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу ми е драго што го донесов косовското и албанското знаме на врвот на светот, како прва од албанските жени. Ви благодарам на сите за поддршката”, напиша Ибрахими на нејзиниот профил на Фејсбук.
Ута Ибрахими минатата година го освои и Монблан (4.808 метри) најголемиот врв на Европа и Емлер (3.700 метри) во Турција.
Во декември минатата година престојуваше на Хималаите, регион кој се простира во пет земји: Бутан, Индија, Непал, Кина и Пакистан.
За време на едномесечното патување во Непал, како дел од проектот „албански жени на Хималаите”, Ибрахими освои некои од највисоките врвови Јалунг (5.700 метри), Нурбу (5.800) и Рамдунг (5.925).
Целта на ова патување беше адаптација на планинските услови и да се подготви за Монт Еверест.
Косовските медиуми пренесуваат дека највисокиот планински врв на земјата на 22. мај го освоиле и алпинистите Назми Хасанрамај и Аринета Мула, исто така од Косово.
Станува збор за експедиција на еден косовски планинарски клуб, кој е поддржан финансиски од Министерството за култура, млади и спорт на Косово и неколку приватни спознори.
Подготовките за освојување на Монт Еверест, се вршеа во период од два месеци.