Zehra Ulucak
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Непал донесе одлука со која се забранува самостојно искачување на планинарите на Еверест, кој е признат за „врв на светот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“ објави вест во која се наведува дека Непал, со цел да го намали бројот на несреќи меѓу планинарите, со почетокот на пролетта и почетокот на сезоната за планинарење, ги забранува сите поединечни искачувања на сите планини во Непал, вклучувајќи го и Монт Еверест.
Соопштението е објавено од Министерството за туризам на Непал. Новите надополнувања на законот предвидуваат забрана за искачување на планините во Непал на лицата со оштетен вид и за лицата на кои им недостасуваат два екстремитета.
Новите правила, покрај зголемувањето на безбедноста, имаат за цел и зголемување на вработувањата и ангажман на Шерпа водичите.
Новите правила предизвикаа критики од страна на некои професионални планинари и лица со телесен инвалидитет.
Од 1920 година досега, во обид да се искачат на Еверест - „Врвот на светот“, чија височина изнесува 8.848 метри, животот го загубија повеќе од 200 лица.