Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hacer Başer
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници ранија демонстрант од група Палестинци кои протестирале на границата во Газа поради одлуката на САД за Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците, во пограничнoто подрачје на градот Хан Јунус на југот од Газа, интервенираа врз Палестинците со солзавец и пластични куршуми, но и со употреба на вистински куршуми.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ешреф ел-Кудра, преку писмено соопштение истакна дека повреден е еден Палестинец како резултат на интервенциите на израелската војска. Повредениот е надвор од животна опасност.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, се одржуваат протести на различни локации низ Источен Ерусалим (Кудс), особено на Западниот Брег и на границата на Газа.