Ekipa
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
КАТМАНДУ (АА) - Пратениците на непалскиот Парламент го одбраа поранешниот лидер на комунистичките бунтовници за нов премиер на државата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на парламентот Онсари Гарти соопшти дека маоистичкиот лидер Пушпа Камал Дахал со мнозинска одлука на Парламентот е избран повторно за нов шеф на Владата.
Ова е втор,пат Дахал да е избран за премиер на хималајската нација. Неговиот прв мандат заврши во 2009 година, кога даде оставка поради несогласување со претседателот околу отпуштањето на еден воен генерал.
Маоистичкиот лидер го предводеше бунтот против Владата цела деценија, до 2006 година, кога бунтовниците под покровителство на ОН потпишаа мировен договор. Повеќе од 17.000 лица загинаа во таа граѓанска војна.