Mahmoud Barakat
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Единаесет лица загинаа денес, а десетици се повредени кога руски воени авиони ги погодија областите под контрола на опозицијата во сириската северозападна покраина Алепо, изјави регионален претставник на цивилната одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади насочени кон областа Ал Ансари во Алепо, загинаа осум лица а други 25 беа повредени, изјави претставникот на цивилната одбрана на Алепо за АА, Ибрахим Абу Леит.
„Тимовите на цивилната одбрана веднаш се упатија кон местото на настанот со надеж да ги спасат лицата заробени под урнатините на срушените зград ”и, рече Абу Леит.
Во меѓувреме во одделни воздушни напади во друга област на Алепо, Атариб, три лица загинаа а други 14 беа повредени, истакна Абу Леит, додавајќи дека уште четири лица биле повредени во моментот кога воздушните напади биле насочени кон две возила на цивилната одбрана додека пренесувале помош во погодената област.
Според наводите на претставникот на цивилната одбрана, воените авиони на рускиот и сирискиот режим ги засилија своите напади кон населените области на Алепо под контрола на опозицијата, Ал Шукари, Мади, Бустан ал-Каср and Ал Кади.
Сирија е во вртлогот на жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени а над 10 милиони лица се раселени.
Сепак, според Сирискиот центар за политичко истражување, вкупниот број на жртви од конфликтот, кој се наоѓа во својата шеста година, изнесува над 470.000 лица.