Ekipa
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ДУБАИ (АА) - На меѓународниот аеродром во Дубаи, денес се случи инцидент поради лошо слетување на патничкиот авион на компанијата „Флај Емирати”, соопштија од таа компанија, а на снимките на социјалните мрежи се гледа густ чад на пистата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за соработка со медиумите на владата во Дубаи на социјалната мрежа Твитер наведе дека сите патници се „безбедно евакуирани и никој не пријавил дека е повреден”.
Се наведува дека надлежните работат со цел да бидат безбедни сите.
Официјалните лица на напоменатата авиокомпанија и меѓународниот аеродром во Дубаи сè уште не прецизираа како дошло до инцидентот.
Медиумите наведуваат дека полетувањето на авионите од аеродромот во Дубаи е моментално спречено.