Rahmi Gündüz
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Полицијата во францускиот главен град Париз забрани протестен марш, кој во четвртокот требеше да се одржи поради најавените реформи во Законот за работни односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата од синдикатот побара собирот да се одржи на едно место, без движење на учесниците, но синдикатот не го прифати тоа.
Во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата кои се случија за време на демонстрациите на 14 јуни во Франција повредени се 40 лица, вклучувајќи и 27 полицајци. Демонстрантите тогаш нанесоа и материјална штета на болницата и некои згради во Париз.
Унијата на банки на Франција претходно соопшти дека во протестите поради најавените реформи е предизвикана штета на 300 филијали.
Масовните штрајкови поради спорниот предлог за реформи во Законот за работни односи, кој Владата го испрати во францускиот парламент, трае од март оваа година, а демонстрантите бараат предлогот да се повлече од постапката.