Ekip
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
КАТМАНДУ (AA) – Непалските фунционери објавија дека почина 85-годишното лице кое сакаше повторно да дојде до титулата на најстариот освојувач на Монт Еверест и на тој начин да го врати рекордот во свое поседување, јавува Anadolu Agency (AA).
Динеш Батараи, шеф на Непалскиот кабинет за туризам рече дека Мин Бахадур Шерчан почина во сабота во базниот логор. Додаде дека причината за смртта не е позната и дека поради лошата комуникација не било можно да дојде до базниот камп.
Шерчан, дедо на 17 внучиња и шест праунуци, прв пат го освои Еверест во мај 2008 година, кога имаше 76 години и тогаш е прогласен за најастариот освојувач на најголемиот врв на светот.
Неговиот рекорд го урна 2013. година тогаш 80. годишниот Јапонец Јуичиро Миура.