Hasan Öymez
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
КАТМАНДУ (АА) - Непал е во исчекување на меѓународната помош за бришење на трагите од катастрофалниот земјотрес што пред 1,5 година се случи во Непал, во кој животот го загубија над 8.000 лица и беа причинети оштетувања на милениумското културно наследство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во главниот град Катманду, луѓето продолжуваат да живеат во оштетените згради од земјотресот со јачина од 7,8 степени, кој се случи на 25 април 2015 година. Жителите на Катманду работат во лесно и средно оштетени објекти.
Од земјотресот што го погоди Непал загинаа над 8.000 лица, околу 19.000 беа повредени, а беше причинета и штета на милениумското културно наследство, за чија реставрација Непал очекува поддршка од меѓународната заедница.
И покрај тоа што помина 1,5 година од земјотресот, Владата на Непал не успеа во целост да изврши реставрација на најважните објекти од културното наследство во државата, меѓу кои се наоѓаат и храмовите на хиндуизмот и будизмот. Милениумското културно наследство коешто е преточено во овие објекти се одржува со привремени решенија.
- Потребно е УНЕСКО да ја зголеми поддршката -
Во Долината на Катманду, која се наоѓа на листата на светски културни наследства на УНЕСКО, започната е реставрација на стариот град, меѓу кои се наоѓаат и трите палати, во чија реставрација учествуваат и жени.
Непал, која е земја на најстарите кралства во светот и во која се наоѓаат храмовите на хиндуизмот, како едно од најстарите светски верувања, за поправка на ова културно наследство од УНЕСКО бара зголемување на поддршката.
Доколку во Непал се случи втор земјотрес, тогаш покрај храмовите и палатите, и живеалиштата на народот на Непал коишто во претходниот земјотрес беа малку или средно оштетени, можат да бидат срамнети со земја.
Покрај луѓето од соседните земји кои веруваат во хиндуизмот и будизмот, и голем број странски туристи го посетуваат Катманду. Поради недостатокот на доволен број државни служби во Катманду, отежнато е секојдневието во градот. Во Катманду, град кој брои 5 милиони жители, сообраќајот и загадената животна средина се најголемите проблеми.