Ayşe Sümeyra Aydoğdu
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
ТРИПОЛИ (АА) – Според првичните информации, при потонувањето на бродовите, кои по илегален пат превезувале мигранти од Либија во Европа, загинаа 30 лица, а 305 се спасени, јавува Anadolu Agency (AA).
Басим ел-Гарабли, претседателот на единицата за справување со илегална миграција на северот од Либија, во градот Сабрата, рече дека по потонувањето на бродовите на крајбрежјето кај Сабрата, пронајдени се телата на 19 лица на бродовите, додека пак 16 лица се спасени.
Потенцирајќи дека на бродовите се пронајдени 2 либиски и по едно египетско и сириско семејство, Гарабли изјави дека продолжуваат активностите за спасување на настраданите.
Портпаролот на либиската морнарица Ејуп Касим, пак, изјави дека источно од Триполи, околу месноста Таџура, во регионот Ел-Гарабули потонале бродови коишто превезувале илегални мигранти, при што 11 лица го загубиле животот, а 289 биле спасени.