Şenhan Bolelli
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - За време на викендот на брегот на Средоземното Море во Шпанија пристигнаа повеќе од 300 мигранти, кои во земјата пристигнаa на илегален начин, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската новинска агенција ЕФЕ, цитирајќи извори од локалните власти и od полицијата, објави дека на јужниот брегот од земјата, пред сѐ во Мурција, во текот на викендот пристигнале 30 чамци кои превезувале илегални мигранти од Африка, претежно мажи.
Неколку лица се хоспитализирани поради здравствени проблеми предизвикани од долгиот престој на море.
Идентитетот на мигрантите испратени до прифатините центри ќе биде дополнително утврден.
Меѓународната организација за миграција (IOM) покажува дека во Шпанија оваа година до 31 октомври пристигнале 19.067 имигранти. Од нив, 14.753 по морски и 4.314 по копнен и воздушен пат.
Минатата година во Шпанија на нелегален начин преку морето пристигнаа 13.246 мигранти.