Ebru Şengül
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Шпанија започна со тестирање на првиот патнички воз во светот на течен природен гас, соопшти Министерството за енергетика, туризам и дигитална агенда на Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Проектот е дел од планот за декарбонизација на Шпанија, кој опфаќа користење енергетски ефикасни железници, а истовремено е со цел да промовира возила што користат алтернативни енергии во земјата, истакнаа од Министерството.
Шпанскиот министер за енергетика, туризам и дигитална агенда, Алваро Надал, и министерот за развој, Ињиго де ла Серна, присуствуваа на првото пилот-тестирање на возот, во северозападниот град Астурија.
Тестирањето ќе го анализира потенцијалните еколошки и економски предности што природниот гас може да ѝ го донесе на железницата, која не е електрифицирана со жици, велат од Министерството.
На 26 јуни 2015 година, шпанската Влада започна нова стратегија за промовирање алтернативни енергетски возила во периодот помеѓу 2014 и 2020 година во Шпанија, во согласност со анализата што ја има спроведено државата во Програмата на Меѓународната агенција за енергија во однос на технологијата за хибридни и електрични возила.
Според анализата, стратегијата има за цел да ја направи Шпанија земја-модел во лансирањето возила на алтернативни горива, како што се течниот природен гас, природниот гас, биогоривата, водородот, вклучувајќи ги и електричните технологии.
Стратегијата се фокусира на три главни точки на делување: индустријализацијата, пазарот и распоредувањето на инфраструктурата.